25/04/2024
Охрид

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка за Велигден

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници им го честита големиот христијански празник, празникот над сите празници, Воскресението Христово – Велигден.

„Велигден е светол празник, ден кога доброто победува над злото, а животот ја победува смртта. Славејќи го денот кога Исус Христос воскресна, го славиме нашето духовно раѓање и ја потврдуваме вербата во вредноста на покајанието и на прочистувањето. Велигден е празник на семејството и ближните, затоа на сите верници им посакувамe топлина во домот и светлина во пораката која треба да ја шириме за човечност, мир и разбирање. Ова е ден кога кај секој од нас повторно се раѓа надежта за подобар свет, за подобро утре.

Блаженството и спокојот кои ги носи овој празник да ги споделиме со нашиот ближен, со нашите најмили, нашите роднини, соседи, со нашите пријатели. Нека го зацврсти единството и нашата верба, нека ја умножи љубовта и радоста помеѓу луѓето. Нека Бог не чува и нека ни помогне во сите наши искушенија. Нека овој голем ден донесе радост, светлина и љубов, и нека нè мотивира за градење вистински хуманизам и искрено човекољубие кон сите наши сограѓани.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Нека е честит и вековит празникот!

Нека е вечна Македонија!“– стои во честитката.