ОК ВМРО-ДПМНЕ со реакција за Отчетот за првите 100 дена на градоначалникот на општина Дебрца

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца денес испрати реакција во врска со отчетот за првите 100 дена на Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

„Внимателно го прочитавме отчетот на Градоначалникот на општина Дебрца за неговото владеење. Од тоа што беше многу опширен може да се констатира дека општина Дебрца изминативе 100 дена само назадува, нема ниту еден помал проект кој го има започнато овој Градоначалник освен тоа што за приватни потреби го користи службениот џип низ охридските улици во доцните вечерни часови (Каде оди Ногачески после работно време? Граѓаните на Дебрца заслужуваат одговор!). Во овие 100 дена развратничко раководење можеби единствен успешен проект му е набавката на Алкохолни пијалоци и други прехрамбени продукти во вредност од 235000 денари, Дали вака ќе се гоштева Ногачески со народни пари?, а притоа во отчетот Ногачески кажува дека нема потпишано ниту една сметка за репрезентација на товар на општината, а во првите 100 дена набавува алкохолни пијалоци и прехрамбени продукти во вредност од 235000 денари, лицемерието и фолиранството на Ногачески нема крај.

Во отчетот Ногачески кажува дека исчистил пат од вегетација во должина од 500 метри, а и самиот знае како поранешен член во комисијата за надзор на ангажирање од ЈКП Дебрца тоа беше тековна работа за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Дебрца. (Би сакале да го прашаме на кој начин го ангажира Мутиш (или некои прашања не заслужуваат одговор, бидејќи договарањето во четири очи е практиканство на СДС), со каква постапка го плати бидејќи се работи за народни пари?, а притоа ЈКП Дебрца ја поседува истата механизација.

Господине Ногачески граѓаните на Дебрца очекуваа многу од вас бидејќи многу ветувавте, а ништо не реализиравте, на некои им ветивте и решавање на лични проблеми, другите очекуваат друго. Сакаме да ви порачаме дека помина времето кога критикувавте за претходната власт во Дебрца, која за сите граѓани направи многу проекти кои вие како власт кои 16 години владеење во Дебрца не направивте ни половина од тоа. Затоа фатете се за работа доста се возите со службениот џип по приватни забави и приватни потреби, времето брзо ви поминува граѓаните го чекаат ветеното. Ние како опозиција будно го следиме вашето работење, кое засега е празен лист хартија, и за секоја грешка што ќе ја направите ќе ја известиме јавноста бидејќи таа го заслужува тоа, а на крајот ќе си го кажи своето.
“– стои во реакцијата.