23/04/2024
Македонија

Околу 200 казни изречени вчера за сообраќајни прекршоци на територија на Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 14.06.2019 спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани 77 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина(10 надвор од населено место и 67 во населено место). На прекршителите поднесени се 76 мандатни платни налози и еден прекршочен платен налог. Откриени се и 61 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 34 прекршочни платни налози.

На 14.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведен акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се 11 возачи на мотоцикли(осум возеле без заштитен шлем и тројца без возачка потврда). Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 32 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози.