28/03/2024
Спорт

Околу 50 пливачи ќе учествуваат на 39-от Илинденски пливачки маратон

Во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ – Охрид, а под покровителство на Советот на оштина Охрид, традиционално, по 39-ти пат, на 02.08.2018 год. (четврток), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон Охрид 2018.

Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат околу 50 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (од 10 до 15 години и 16 и постари) ќе стартуваат во 10:30 и 11:00 часот од плажата на хотелот Парк.

Пристигнувањето на првите пливачи на целта на Градското пристаниште во Охрид се очекува да биде после 11:00 часот.