28/03/2024
Спорт

Оливера Јевтиќ дисквалификувана, победничка на „Охрид трчаТ“ во женска конкуренција е Андријана Поп Арсова

Организаторот на Охрид трчаТ Асоцијацијата на спортови Спорт за сите – Сите за спорт со жалење ја известува целокупната спортска јавност дека натпреварувачот Оливер Јевтиќ од Србија со стратен број 910 при трчањето на вториот круг на трката на 10 километри ги прекрши правилата на патеката и на таков начин ја скрати патеката за 360 метри.

После прибирањето на дополнителните информации, фото, изјави на учесници и посебно изјавите на судиите Марјан Бошалески и Пеце Георгиевски задолжени за судиско место Кеј Македонија – Хотел Ројал одлучивме натпреварувачот со стартен број 910 да го дискфалификуваме од трката на 10 километри конкуренција жени. На таков начин Официјален победник на 10 километри на Охрид трчаТ 2018 во категоријата жени е Андријана Поп Арсова, втора е Миљана Ристиќ додека трета е Весна Кираџиева.“ – известуваат организаторите на „Охрид трчаТ“.

Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ ја известува спортската јавност, пред се натпреварувачите кои биле или ќе се дел од трките кои ги организираат, дека секој еден учесник треба и мора да има ист третман и да ги почитува правилата без разлика за кого станува збор и без разлика која е разликата во квалитет.