19/04/2024
ОхридСпорт

Оливера Јевтиќ и Стенли Кипруто се победници на „Охрид трчаТ 2018“

Петкратната олимписка учесничка Оливера Јевтиќ од Србија и атлетичарот од Кенија, Стенли Кипруто се победници на трката на 10 километри која се одржа во рамките од Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“.

Кипруто делницата од 10 километри која се трча низ улиците на Охрид и стариот дел од градот ја помина за 33 минути и 2 секунди, додека Јевтиќ за 35 минути и 42 секунди.

На втората позиција во женска конкуренција финишираше минатогодишната победничка Адријан Поп-Арсова со време (41:12), додека трета заврши Милјана Ристиќ со време 42:03. Кај машките Милош Ранчиќ со освојувањето на втората позиција го повтори минатогодишниот успех, а трет финишираше Атанас Анчевски.

Во тим билдинг трката во женска конкуренција првото место им припадна на Здружението за поддршка на ретки болески, а потоа следуваа Слајс и екипата на Сам за себе. Во машка конкуренција први завршија Делта, а потоа Сеавус и Инстикт.

Целиот настан денеска беше емитуван во живо, а учество на второто издание на Атлетскиот викенд зедоа повеќе од 1000 вљубеници на трчањето и спортот.

Резултати:

10 километри

Женска конкуренција:

1. Оливера Јевтиќ (35 мин и 42 сек)

2. Адријана Поп-Арсова (41:12)

3. Милјана Ристиќ (42:03)

Машка конкуренција:

1. Стенли Кипруто (33 мин и 2 сек)

2. Милош Ранчиќ (34:32)

3. Атанас Анчевски (35:06)

5 километри:

Машка конкуренција

1. Милан Митровиќ (19 мин 16 сек)

2. Богдан Цветкоски (20:28)

3. Кристијан Наумоски (20:38)

Женска конкуренција:

1. Марго Бојаџиева (24 мин и 15 сек)

2. Ања Еклер (25:02)

3. Даринка Буровска

Тим билдинг

Женска конкуренција:

1 Поддршка за лицата со ретки болески

2. Слајс

3. Сам за себе

Машка конкуренција:

1. Делта

2. Seavus

3. Инстикт