29/03/2024
Охрид

On line #АПРИЛИЛИЛИ нa официјалната facebook страна на ООУ „Григор Прличев“ Охрид

Општинското основно училиште ООУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ Охрид организира on line маскембал за учениците од прво и второ одделение од училиштето како најмалечки кои исклучително се радуваат на 1.април и на маските по повод Денот на шегата.

„Се трудиме постојано со едукативно- забавни кампањи да ги анимираме нашите ученици. Тешко е во време во кое на сите ни недостасуваат секојдневните обврски рутински дејствувања, но мораме и сакаме да мислиме позитивно. Затоа на нашите ученици им нудиме разни онлајн активности кои бар ќе бидат приближни до она што навистина би го правеле на училиште овој период. Една активност е и оваа, Одбележување на Денот на шегата. Едукативно – забавната кампања за оваа активност online #АПРИЛИЛИЛИ е наменета за најмалите – прво и второ одделение, кои со нетрпение го чекаа овој ден. Ќе се маскираат дома и ќе ни испратат слики со слоганот #СедиСиДома, биди #cool и дел од нашиот онлајн #АПРИЛИЛИЛИ.

Но, сите оние кои имаат желба да ги оттргнат мислите од секојдневните вести во ова време, ги покануваме да ни се придружат.“ – вели Ивана Маховска Шикалеска, в.д. директор на училиштето.