28/03/2024
Охрид

ООУ „Христо Узунов“ и ООУ „Кочо Рацин“ добија опрема од GLOBE Програмата на Министерството за животна средина и просторно планирање

ООУ „Христо Узунов“ и ООУ „Кочо Рацин“ добија опрема од GLOBE Програмата имплементирана од Министерството за животна средина и просторно планирање, која е во насока на глобалното учење и набљудување во полза на животната средина.

На промопредавањето на опремата присуствуваше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков кој се заблагодари на претставниците на министерството за досегашната соработка и изрази надеж дека и во иднина ќе може да се имплементираат слични заеднички проекти.

Донираната опрема се состои во надгледни средства наменети за мерења и определување на вредности во делот на хидрологијата и атмосферата и ќе бидат наменти за подобрување на условите за практична и кабинетска настава по неколку наставни предмети во образовниот процес.

Програмата GLOBE е светска научно-образовна програма која ја координира работата на учениците и наставниците со цел да се проучува и разбере состојбата на животната средина. Во рамки на програмата се предвидени редовни континуирани мерења и набљудување на учениците во непосредната околина на училиштето, во повеќе области, под водство на наставници кои се обучени да ја спроведуваат истата.


WebOhrid / 31.01.2023 / Општина Охрид