Опожарена поголема површина со трска, сува трева и нискостеблеста вегетација, сопственост на АД „Градинар“

На 26.04.2020 година во 17:45 часот, во СВР Охрид пријавен е пожар во месноста „Блато“, во близина на населбата „Радојца Новичиќ“ и охридското село Долно Лакочереј.

По наредба на Јавен обвинител, при извршен увид констатирано е дека со пожарот била зафатена поголема површина со трска, сува трева и друга нискостеблеста вегетација, сопственост на АД „Градинар“ од Охрид.

Во 20:45 часот, пожарот е локализиран и целосно изгаснат од територијалната противпожарна единица од Охрид.