Опожарено возило на ул. „Ристо Чадо“ во Охрид

На 19-09-2021 година околу 01 часот во СВР Охрид, пријавен е пожар во патнички автомобил „Опел Корса“, паркиран на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, во кој, нема повредени лица. Од извршениот увид, констатирано е дека поради неисправна инсталација, дошло до самозапалување во автомобилот сопственост на Г.Ј.М.(53) од Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица.