Опожарено возило во близина на селото Врбјани

На 04.01.2021 година околу 18:30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар на товарно возило кое било застанато на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Врбјани, општина Дебрца. Интервенирала Територијалната противпожарна единица.

Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот, во кој нема повредени лица, се појавил поради дефект на инсталација.