28/03/2024
Дебрца

Општина Дебрца обезбеди нова механизација во рамките на проектот „Подобрување на општинските услуги“, имплементиран од Светска Банка

Денес во продажниот салон на „Синпекс“ во Битола, градоначалникот Ногачески присуствуваше на свечениот настан, чинот на потпишувањето на договорот со кој на општина Дебрца и се отстапува на трајно користење универзален ровокопач, со придружна опрема (хидрауличен чекан и даска за снег) марка Hidromec.

Механизацијата е обезбедена во рамките на Проектот: „Подобрување на општинските услуги”, имплементиран од Светска Банка и Министерство за финансии, а со средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА). На настанот свое обраќање имаа Д-р. Драган Тевдовски, Министер за финансии и Никола Бертолини, раководител во Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ. Согласно Проектот, механизацијата покрај општина Дебрца, како апликант ќе можат да ја користат и партнерските општини Струга и Вевчани.

Со добивањето на механизацијата ќе се зголемат капацитетите на општините за подигнување на квалитетот на општинските услуги. Општина Дебрца во изминатава година и пол имплементира неколку проекти со средства на ЕУ, со кои се подобрија условите во руралната инфраструктура или во испораката на општинските услуги. И во наредниот период продолжуваме со реализација на неколку проекти, за кои средствата се обезбедени од фондовите на ЕУ, за што во оваа прилика изразувам голема благодарност до Делегација на ЕУ. – изјави градоначалникот Зоран Ногачески по потпишувањето на договорите.