Општина Дебрца продолжува со подобрување на инфраструктурата – асфалтирана улица во Мешеишта
Во селото Мешеишта денеска започнаа градежни активности за поставување нов асфалт на една од локалните улици. Според информациите, со оваа интервенција значително ќе се подобри инфраструктурата и секојдневното движење на жителите.
Градоначалникот Златко Сиљаноски изврши увид на работите и најави дека Општината продолжува со реализација на проекти во сите населени места на територијата на општина Дебрца.
