29/03/2024
Дебрца

Општина Дебрца со поддршка за кампањата на Црвениот Крст за Прва помош

Градончалникот Ногачески заедно со Претседателот, членови на советот и вработени во општинската администрација на општина Дебрца, во просториите на Црвениот крст-Охрид присуствуваа на освежителниот курс по прва помош за возачи.

Имено, Црвениот крст спроведува бесплатна летна кампања за освежување на знаењата по прва помош кај постоечките возачи. Целта е да се освежат знаењата на возачите, да се подигне јавната свест за потреба од обезбедување на прва помош во сообраќајот во случај на незгода и да се влијае кај доносителите на одлуки во државата за потребите од унапредување на квалитетот и знаењата за прва помош во секојдневното живеење, со посебен акцент на возачите.

„Како градоначалник, заедно со советот на општината ја поддржуваме оваа кампања и сме отворени за соработка со Црвениот крст и за други активности.

Денес ние ги освеживме нашите знаења по прва помош и топло Ви препорачуваме да најдете време да го посетите курсот.

Запомнете, ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ ЧИНИ ЖИВОТ!“ – кажа Ногачески по завршување на обуката.