Општина Охрид ги исплати субвенциите за купување велосипеди

Општина Охрид исплати 1 210 000 денари на 219 охриѓани кои аплицираа на претходно објавениот  Јавен  Повик  за  субвенционирање  при купување велосипеди.

Средствата што општина Охрид ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот,  но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Со ова локалната власт настојува да ги стимулира  охриѓани да користат велосипеди наместо возила.

Јавниот Повик за субвенционирање при купување велосипеди е согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2021 година.