Општина Охрид доби противпожарно возило како донација од Германија

Општина Охрид доби специјално товарно противпожарно возило како донација од членовите на социјалдемократскиот општински совет на Тутлинген-Меринген, Германија.

Се работи за современо возило од марката „Ивеко-Магирус“, опремено со целокупната потребна опрема за гаснење на пожари.

Возилото значително ќе придонесе за зголемување на капацитетот на Охридската противпожарна единица.