18/04/2024
Спорт

Општина Охрид донира опрема за Веслачката федерација на Македонија

Градоначалникот Јован Стојаноски и претседателот на Веслачката федерација на Македонија Здравко Голабоски, денес потпишаа договор со кој, Општина Охрид  донира веслачка спортска опрема и веслачки реквизити за потребите на веслачката федерација.

Донацијата се состои од 8 чамци, сет весла и друга помошна опрема. Чамците и реквизитите се обезбедени од Светската веслачка федерација – FISA, со посредство на Македонскиот Олимписки Комитет.

Вредноста на донираната опрема изнесува 35.466 евра и ќе биде значително подобрување на условите за тренинг и развој на веслачкиот спорт.