28/03/2024
Охрид

Општина Охрид финансиски награди 83 работници од ЈП „Охридски Комуналец“

Општина Охрид финансиски награди 83 работници од ЈП „Охридски Комуналец“ кои неуморно неколку денови во три смени го расчистуваа снегот во февруари. Се чистеа сите јавни површини во централното градско подрачје и локалните патишта кон селата и периферните населби.

Во погон беше ставена целата механизација на јавното претпријатие кое претпријатието со помош на Општина Охрид ја набави во изминатиот период.

Уште еднаш упатувам искрена благодарност за нивниот ангажман и навремената реакција, која придонесе за непречено одвивање на сообраќајот по главните улици и локалните патишта кон сите села во општината.