16/04/2024
Охрид

Општина Охрид и оваа година ќе се вклучи во најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“

Утре на 27.03.2021 година (сабота) во периодот од 20.30 до 21.30 часот ќе бидат исклучени светилките на следните репрезентативни локации, објекти и споменици во Охрид:

  • Црква „Свети Јован Богослов“, Канео;
  • Црква „Света Софија“;
  • Самоилова тврдина,
  • Месноста „Палошник“;
  • Античкиот театар;
  • Кеј „Македонија“;
  • Гимназија „Свети Климент Охридски“;
  • Плоштад „Свети Климент Охридски“;
  • Споменикот на Свети Климент Охридски;
  • Споменикот на Св. Наум Охридски -Чудотворец и
  • Споменикот „Фаќач на крст“ на градското пристаниште.

Оваа година преку светскиот едночасовен мрак ќе се алармира дека зачувувањето на природата и биодиверзитетот, намалувањето на ефектот од климатските промени и одржливото живеење се пресудни за нашата иднина на оваа планета.

„Часот на планетата Земја“ ќе се поддржи од страна на над 8.000 градови во преку 180 држави ширум светот.