29/03/2024
Спорт

Општина Охрид и Спорт арена подготвени го дочекуваат вториот фудбалски камп на фондација Реал Мадрид

Утре на 11 декември 2018 г. (вторник) со почеток во 11:00 часот, во малата сала на Општина Охрид, ќе се одржи прес-конференција на која ќе говорат градоначалникот Јован Стојаноски и Влатко Тодев, лиценциран партнер на Real Madrid Campus Experience во Македонија.

За време на прес-конференцијата, пред медиумите ќе бидат соопштени детали поврзани со кампот, наменет за деца на возраст помеѓу 7 и 17 години, кои ќе тренираат и учат тактички и технички аспекти за фудбалот, а воедно ќе научат многу повеќе за најважните вредности и идеали како што се тимскиот дух, толеранцијата и здравиот начин на живот.

По завршување на прес-конференцијата, активностите ќе продолжат со обиколка на спортскиот центар на хотелот „Аквалина“ и ручек со претставници на организаторот на кампот и присутните медиуми.