28/03/2024
ОхридСпорт

Општина Охрид ќе го поддржи кандидатот за Олимписките игри Јован Стојоски

Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, денес имаше средба со атлетичарот на АК “Охрид“ Јован Стојоски. Стојоски е државен првак и рекордер во пет дисциплини и најсериозен кандидат на нашата земја за претстојните Олимписки игри во Токио.

Стојоски е стипендист на Македонскиот Олимписки Комитет, а Општина Охрид финансиски ќе го поддржи во неговите подготовки, за што поуспешен настап на најголемата светска спортска манифестација.