18/04/2024
Охрид

Општина Охрид ќе користи средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

Општина Охрид ќе користи средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, врз основа на Јавниот повик бр. 02/2018 кој Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави на 2-ри јули, 2018-та година.

Оваа програма одобрува средства во три мерки:

321 – Развој на јавна инфраструктура во рурални средини, инвестиции во водоснабдителни и канализациони системи во населени места во рурални средини,

322 – Обнова и развој на селата, изработка на урбанистички планови за населени места во рурални средини и

323 – Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја, Изградба или реконструкција на патна инфраструктура за пристапност до и околу природни знаменитости во рурални средини вклучително и нивно уредување и воведување на комплементарни содржини – пешачки, велосипедски и останати спортски патеки и шеталишта.

Општина Охрид аплицираше во сите три мерки при што:

Во мерката 321 беше поднесена апликација за реконструкција на пумпните станици  Метропол, Трпејца и Љубаништа. Вкупната вредност на потребните реконструкции изнесува 21.218.120 денари. Висината на одобрениот  износ на финансиски средства од оваа  мерка е 20.000.000 денари, што значи дека 1.218.120 денари за реконструкција на пумпните станици Општина Охрид обезбеди од сопствени средства. Покрај тоа обврска на Општина Охрид како апликант е да обезбеди финансиски средства и за ДДВ во висина од 18 % од инвестицијата. Што заачи дека вкупната вредност на оваа инвестиција е 25.037.381 денари.

Во мерката 322 беше поднесена апликација за Изработка на Општи акти за села и Урбанистички планови за села. Вкупната вредност на проектите во оваа мерка изнесува 8.000.000 денари со вклучен ДДВ. Во план е изработка на Урбанистички планови за 14 населени места и општи плански акти за 6 населени места.

Планирана е изработка на УП за село Љубаништа со приближна површина од 40 ха; УП за село Трпејца со приближна површина од 40 ха; УП за село Пештани со приближна површина од 45 ха; УП за село Елшани со приближна површина од 18 ха; УП за село Лагадин со приближна површина од 42 ха; УП за село Долно Коњско со приближна површина од 35 ха; УП за село Велгошти со приближна површина од 110 ха; УП за село Велестово со приближна површина од 50 ха; УП за село Лескоец со приближна површина од 110 ха; УП за село Косел со приближна површина од 120 ха; УП за село Горно Лакочереј со приближна површина од 35 ха; УП за село Долно Лакочереј со приближна површина од 65 ха; УП за село Подмоље со приближна површина од 50 ха и УП за село Орман со приближна површина од 15 ха.

Исто така планирана е изработка на општи Општ акт за село Горно Коњско со приближна површина од 10 ха; Општ акт за село Рамне со приближна површина од 10 ха; Општ акт за село Опеница со приближна површина од 10 ха; Oпшт акт за село Вапила со приближна површина од 10 ха; Општ акт за село Сирула со приближна површина од 10 ха и Општ акт за село Куратица со приближна површина од 10 ха.