28/03/2024
Охрид

Општина Охрид останува посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска на прес-конференција ја информираше јавноста во врска со сите преземени мерки и активности во текот на изминатата година, во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО. Градоначалникот уште еднаш потенцираше дека заложбите на локалната и централната власт за зачувување на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион се сериозни и дека во иднина ќе продолжат да се имплементираат сите параметри за заштита, кои ќе овозможат современ развој на долг рок.

https://youtu.be/GxplCAEyh5Y