Општина Охрид започна кампања за подигање на јавната свест за заштита од Ковид 19

Под слоганот „Летувајте безбедно во време на пандемија“, Општина Охрид денес започна кампања за подигање на јавната свест кај посетителите, со цел да се зголеми почитувањето на мерките за заштита од Корона вирусот „Ковид 19“.

Подготвени се промотивни флаери кои во текот на наредните денови ќе се делат на повеќе јавни локации, како што се охридската чаршија, градскиот кеј, градскиот плоштад и други фреквентни локации во градот. Во рамки на кампањата ќе бидат опфатени и угостителските објекти, сместувачките капацитети и плажите на охридското крајбрежје.

Во флаерот се содржани кратки информации за општите мерки за заштита од Корона вирусот „Ковид 19“ како и кратки пораки за зголемување на одговорноста кај посетителите и летувалците, кои својот годишен одмор го поминуваат во Охрид.