19/04/2024
Охрид

Општина: Охриѓани за многу скоро време ќе имаат Булевар достоен и уреден како што заслужуваат

Општина Охрид испрати реакција до медиумите во врска со денешното соопштение од ОО на СДСМ Охрид.

„Почитувани од СДСМ, доколку бевте искрени и чесни, а не злонамерни и подмукли, вашата загриженост за Булеварот „Македонски Просветители“ ќе ја искажевте во периодот кога проектот беше во фаза на проектирање. Наместо кога ги согледавте сите недостатоци на проектот да кажете стоп проектот треба да се доработи, вие го избрзавте мислејќи дека нецелосен проект е клучот за добивање на Локални избори.

Градоначалникот Кирил Пецаков, во неколку наврати до сега ги докажал и ги докажува неговите менаџерски способности така што овозможува непречено функционирање на Локалната самоуправа и Јавните претпријатија кои за жал вашите истакнати менаџери ги оставија во тотален хаос и финансиски во катастрофална состојба. Градоначалникот Пецаков и во овој проект успеа за брзо време да ги анулира сите недостатоци на првичниот проект, да обезбеди финансии и да ги искоординира сите градежни активности за непречено течење на активностите.

Охриѓани за многу скоро време ќе имаат Булевар достоен и уреден како што заслужуваат.“ – стои во реакцијата од Општина Охрид.


WebOhrid / 06.07.2022 / Општина Охрид