29/03/2024
Охрид

Основци од „Григор Прличев“ на промоција на книгата „Јатките од загатките“ од Тоде Илиевски

На покана на Националната библиотека „Григор Прличев“ Охрид учениците од четвртите одделенија при ОУ „Григор Прличев“ од Охрид со учителките Биљана Иваноска и Валентина Трпческа беа поканети на промоција на книгата „Јатките од загатките“ од писателот Тоде Илиевски. Покрај одлично организираната промоција учениците имаа можност да се запознаат со авторот, да се запознаат со начинот на кој твори, со неговиот опус.

На учениците им беа читани загатки и на мошне успешен начин беа вклучени во откривањето на одговорите на самите загатки. Оваа промоција беше проследена со голем ентузијазам и интерес од страна на учениците. Промоцијата беше интерактивна и на многу начини поинаква од стандардните промоции. Побуди голем интерес кај учениците за книгата, а со тоа и за самата библиотека.