19/04/2024
Охрид

Основци од „Григор Прличев“ присуствуваа на промоција по повод Месец на штедењето

Денес учениците од ОУ „Григор Прличев“, Охрид од одделенска настава, заедно со учителките Даниела Тупанческа V1, Даниела Печијареска V2 и Биљана Иваноска I1 имаа можност да присуствуваат на промоција во НЛБ Тутунска банка по повод Месецот на штедењето.

Банката за најмладите има подготвено проект/приказна преку ликовите Штуки и Тиби. Низ станици на боенка, блокчиња за цртање и масли со ликовите тие ги запознаа учениците со постепеното детско штедење. Во одлична атмосфера, учениците се запознаа со работењето на банката. Остварија контакт со вработените кои им ја објаснија целта на штедењето.

Целата приказна имаше вселенски карактер, штедењето влијае на сите нас и доколку се штеди на иниректен начин се заштитува и нашата планета, а и Сончевиот систем. Ова предавање/приказна беше едукативно успешна и истовремено побуди голем интерес кај нив.