20/04/2024
Охрид

Основците од Коњско, Елшани, Пештани и Трпејца во посета на Општина Охрид

Учениците од четврто  и петто одделение при  ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани, и нивните врсници од подрачните училишта во селата Коњско, Трпејца и Елшани денес беа во посета на општина Охрид.

Тие се запознаа со градоначалникот д-р Јован Стојаноски кој им укажа на начинот и функционирањето на локалната власт,  по што учениците беа гости во неговиот кабинет. 

Во рамки на посетата младите охриѓанчиња  прошетаа и низ останатите служби на општинската администрација.