25/04/2024
Охрид

Основните училишта во Охрид добија атлетска опрема

Атлетскиот клуб „Охрид ТрчаТ“, денеска, донира атлетска опрема за сите основни училишта во градот.

Донацијата се состои од сет атлетски реквизити (40 маркери, 2 топки за одделенци, 4 хулахопи, 25 мали топчиња и две мали пречки) кои ќе бидат донирани за секое училиште. 

Атлетските реквизити ќе бидат наменети за најмалите ученици и ќе се од особено значење за професорите по физичка култура во делот на реализација на наставата по физичко образование со посебен акцент на атлетиката.


WebOhrid / 19.08.2022 / Општина Охрид