19/04/2024
Македонија

„Остани чист, кажи НЕ на корупцијата“

Денеска(30.09.2019) полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР на РСМ заедно со припадниците на Дирекцијата на внатрешна сигурност при МВР на Р.Бугарија на Граничиниот премин Деве Баир-Ѓуешево во рамките на проектот “Остани чист кажи НЕ на корупцијата” спроведе превентивна активност во борбата против корупцијата.

Заради подигање на свеста на граѓаните за пријавувње корупција се делеше едукативен материјал со информативна содржина за начинот на пријавување на корупцијата во полицијата и штетните последици од неа.Во активноста беа вклучени студенти од Факултетот за безбедност во Скопје.