17/04/2024
Македонија

Остатоци од кашест снег на патиштата во државава

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег по коловозите по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Битола, Прилеп, Охрид и Неготино.

Забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци крак Маврово-Дебар, Дебар-Струга,Тетово-Попова Шапка каде има забрана и за автобуси.

Од 11:35 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража. Од 11:15 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека. Од 10:30 часот се укинува задолжителната зимска опрема на планинскиот премин Стража. Од 06:40 часот на патниот правец Велес-Катланово се укинува забраната за движење на тешки моторни возила. Во 07:10ч. укината е забраната за ТМВ на планински превој Ѓавато и Буково. Од 09:40 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Градско преку планинскиот премин Плетвар. Од 07:15 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец K.Паланка-Деве Баир и од 10:50 на патниот правец М. Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.

На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч. Од 09:00 часот на делницата А-1 Демир Капија-с.Смоквица сообраќајот се одвива без проблеми за сите видови моторни возила.