29/03/2024
Дебрца

Оштетен цевководот кај охридскиот аеродром, екипите од ЈПК „Дебрца“ на терен

При градежни активности на екипите од EVN Македонија, во близина на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ дојде до оштетување на цевководот со кој стопанисува ЈПК „Дебрца“.

Како што информираат од претпријатието станува збор за поголем дефект на тешко пристапен терен. Екипите на ЈПК „Дебрца“ веќе се на терен и работат на отстранување на овој дефект, кој се очекува да биде саниран во текот на денешниот ден, најдоцна до утре.

Се молат жителите на Подмоље, Оровник, Горенци и Требеништа за разбирање се до отстранувањето на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.

Исто така, ЈПК „Дебрца“ апелира до жителите на истите населени места на совесно и рационално користење на водата за пиење.

WebOhrid