19/04/2024
Охрид

Отслужена света литургија за празникот Преподобен Прохор Пчински

Денес кога го прославуваме споменот на преподобниот Прохор Пчински, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија. На литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.