09/12/2024
Охрид

Осум нови наслови за читање во НУ Библиотека „Григор Прличев“

„Како што се приближува крајот на годината во нашата установа секојдневно се обработуваат нови и нови наслови од домашната и светската книжевна продукција.

Оваа среда ви ги предлагаме да ги прочитате следниве наслови: „Зелената гуска“ од Љубиша Никодиновски – Биш, „Златната средина“ од Анабел Лајон, „И на небо и на земја“ од Милан Ѓорѓевиќ , „Тихување“ од Тихомир Јанчовски, „Во главата слушам песна“ од Елизабета Баковска , „Вистинската приказна за Дедо Мраз“ од Тодор Јовчевски, „Графитот, Рак, Мерак и Глупак“ од Ленче Китанова и „Македонија“ од Харви Пикар и Хедер Роберсон.

Пултот за издавање работи од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот со пауза за дезинфекција од 13 до 13 и 30 часот.

Годишната членарина во библиотеката е 300 денари за возрасни и 200 денари за деца.“ – информираат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.