„Отело“ од Турскиот театар отвора фестивал во Бурса

По покана на селекторот на 5. Меѓународен театарски фестивал на балканските земји во Бурса, Р. Турција, НУ Турски театар во четврток, на осми март 2018, ќе ја изведе претставата „Отело“ од Вилијам Шекспир во режија на Дејан Пројковски …

Претставата „Отело“ на иновативен  начин преточува едно класично  дело во театарски експеримент. Најважниот сегмент на  претставата  е употребата на  водата, која од успешно  сценографско решение  се  издигнува до повеќеслојна  симболика, ефектниот режиски  пристап, ја стимулира актерската експресивност и воспоставува комуникација со публиката. Улогата на Отело ја толкува Џенап Самет, а во останатите улоги настапуваат , Сузан Акбелге, Осман Али,Зубејде Али, Неат Али.