20/04/2024
Охрид

Откажана прославата во Рамне за Илинден

Поради моменталната ситуација со пандемијата Ковид-19 оваа година се одложува прославата во Рамне по повод претстојниот празник Илинден.

„Се надеваме дека идната година ќе продолжиме со прославување на нашиот голем и свет македонски празник ИЛИНДЕН.

Црковниот одбор во склоп со Иницијативниот одбор Св. Пророк Илија од село Рамне ви посакува да бидете здрави, живи, весели, ќе го надминеме и ова зло! Се гледаме идната година, во доста поголем број. Честит Илинден, Македонци каде и да сте! Ви благодариме на разбирањето.“ – информираат од Месната заедница Рамне.