28/03/2024
Струга

Откриени 10 стебла марихуана во фарма на жител од Корошишта

На 23.08.2018 година во периодот од 17:30 до 19:00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во фарма сопственост на К.М.(52) од с.Корошишта, струшко, на место викано „Вогељ Чешме“, атар на с.Корошишта.

При претресот, под пластениците биле пронајдени 10 стебла најверојатно од растението „Канабис Сатива“. К.М. бил лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.