18/04/2024
Охрид

Откриени 4 прекршоци од Законот за внатрешна пловидба, пронајдени 34 разновидни рибарски мрежи и 150 парчиња риба

Регионалниот центар за гранични работи Запад од почетокот на оваа година до денеска спроведе низа мерки и активности со цел откривање и спречување на прекуграничен криминал по вода, незаконит риболов, како и откривање на прекршоци од Законот за рибарство и аквакултура и Законот за внатрешна пловидба. Како резултат на извршени 17 патролни служби (самостојни и заеднички со Државниот инспекторат за земјоделство) откриени се 4 прекршоци од Законот за внатрешна пловидба, пронајдени се 34 разновидни рибарски мрежи со вкупна должина од 1800 метри, 150 парчиња риба(охридска пастрмка, белвица, мрена, и др.) со вкупна тежина од 13 кг..

По расчистување на случаите и нивно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави. Риболовниот алат е одземен и донесен во ПС за ГН – „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка, а уловот е предаден во Казнено-поправната установа „Затвор“ Охрид .