29/03/2024
Охрид

Отслужена литургија за празникот Св.Николај Мирликиски Чудотворец

Денес кога го прославуваме споменот на „Правилото на верата“ – светиот Николај Мирликиски Чудотворец, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија. Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, еромонахот Доситеј, свештеникот Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Анатолиј.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.