29/03/2024
Охрид

Отслужена литургија на Плаошник за Преподобен Прохор Пчински и Преподобен Јован Рилски

Денес, на денот посветен на преподобниот Прохор Пчински и на пренесувањето на моштите на св. Јован Рилски, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија. Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески, Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј ги благослови верните чеда и им го честита празникот.