19/04/2024
Охрид

Отслужена литургија во манастирот „Св.Спас“ во г.Лакочереј за празникот Спасовден

Денес, на денот на празнувањето на славното Вознесение на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, во манастирот „Вознесение Христово“ („Св. Спас“) во село Горно Лакочереј, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Кирил Јованоски, Љупчо Бакрачески, Александар Димоски и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

На крајот, беше извршена и празнична литија, на која многу дечиња, радосно носејќи ги иконите во своите раце, Го проповедаа Христа Воскреснатиот и Вознесениот.