20/04/2024
Охрид

Отслужена литургија за празникот Свети Ѓорѓија

Денес, во Дваесет и осмата недела по Педесетница и на денот кога го прославуваме споменот на светиот вмч. Георгиј Победоносец, на преп. Алимпиј Столпник и на преп. Стилијан, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија.

Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Димче Азески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.