24/04/2024
Охрид

Отслужена литургија за празникот Свети Климент Охридски Чудотворец

По повод празникот посветен на Светиот Климент Охридски Чудотворец, на 07.12.2018 година, во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, беше отслужена празнична Вечерна богослужба. Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Ристо Ристовски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Сашо Целески и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Вечерната богослужба, беше отслужен Молебен на свети Климент Охридски, пред неговите свети мошти.

Торжествата продолжија на 08.12.2018 година, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Ристо Ристовски, свештениците Атанас Казанџиски, Љупчо Бакрачески, Александар Димоски и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа.