29/03/2024
Струга

Отслужена света архиерејска Литургија за Преображение Христово

Денес на денот кога го прославуваме празникот Свето Преображение на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија. Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Александар Димоски и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски.

По завршувањето на Литургијата, според вековната црковна традиција, беше осветен новиот лозов плод, од кој ќе биде произведено новото вино, а кое, на чудесен начин, како и самиот настан на светото Преображение, на светата Литургија ќе стане света Крв Христова. На самиот крај, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.