25/04/2024
Охрид

Отворена книга на жалост во седиштето на СДСМ Охрид

По повод прераната и ненадејна смрт на нашиот сопартиец и градоначалник на општина Охрид д-р Јован Стојаноски во седиштето на СДСМ – Охрид отворена е книга на жалост.

Во книгата на жалост можат своето сочувство да го изразат сите оние кои и на овој начин сакаат да се простат од покојниот Стојаноски.

Партиските простории на СДСМ на ул. „Галичица“ денеска ќе бидат отворени до 21 часот и утре од 9 до 21 часот.