29/03/2024
Охрид

Отворена ликовната изложба на Мајкл Клос, канадски и светски уметник со македонско потекло

Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, синоќа, во Куќа Уранија – МАНУ, во Охрид, ја отвори изложбата на Мајкл Клос, канадски и светски уметник со македонско потекло.

„Светски, а наш, Мајкл Клос ги завреднил најпозитивните оценки на светските ликовни познавачи и сликари. Во оваа прилика, сакам да потсетам на оценките од двајца колеги на Клос, исто така ликовни уметници со мегународно реноме, а охригани. Покојниот, Вангел Наумоски, пред да замине во вечноста, за Клос се произнесе:“ Од Клос зрачи Македонија. Дали се тоа фрески,или не, јас не знам, но знам дека е тоа врвот на модерното”. Академски сликар, нашиот Славко Упевче, ќе додаде:“ Од Клос извира ведрина со нагласено чувство на естетика. Чинот на уметниочкото создавање тој го постигнува со експресијата на боите”, рече на отгворањето градоначалникот Георгиески.

Тој потсети дека неговиот претходник, починатиот градоначалник Јован Стојаноски, ја прифати, а тој со задоволство ќе ја реализира определбата на Мајкл Клос и неговата животна и уметничка друшка Менка Клос, овде, во Охрид, да го пренесат уметничко создавање, во форма на продажна галерија, од која ќе произлезат средства за стипендирање на еден студент .

„Вашата хумана идеја, јас ја продолжив со ентузијазам и признателност и таа ќе биде реализирана. Истовремено,сакам да ви се заблагодарам јавно, што вашата приватна архива, е веќе трајна сопственост на Охрид и Македонија. Депонирана во Подрачната единица на Архивот во Охрид, таа ќе биде систематски обработена, регистрирана по сите стандарди и ќе остане на увид на идните генерации, со сите оригинални документи, дневникот што сте го воделе во три книги, слајдови, каталози, писма до светски лидери со кои сте лобирале за признавањето на Република Македонија под уставното име, за колекцијата цртежи и слики на платно.“ – рече охридскиот градоначалник.

За ликовното создавање и богатиот сликарски опус на Клос говореше академскиот сликар Славко Упевче.

Тој посебно ја нагласи естетската експресија на Клос, богатиот колорит, ведрината и оптимистичките пораки, “така потребни во ова време и на овој простор”.

Славко Упевче, кој, истовремено во соседниот објект – Куѓата на Робевци, излага ретроспектива по повод половина век уметничко создавање, на Клос му ја подари колор Монографијата, посветена на личниот јубилеј.

Изложбата е дел од “Научната и уметничка визита – Охрид 2019” на МАНУ и ќе трае до 24 јули.

Веле Митаноски