25/04/2024
Охрид

ОУ „Григор Прличев“ утре организира онлајн кратки слатки спортски вежби за учениците

Денес е 1-ви септември! Ден кога вообичаено се слуша првото училишно ѕвонче!

Училиштето ООУ „Григор Прличев“ – Охрид подготви активности со кои ќе ги мотивира своите ученици да ја задржат позитивната мисла и енергија со едно единствено мото: Сè ќе биде добро!

Имено, на официјалната facebook страна на училиштето во живо ќе се одржи краток настан со изведување на весели спортски вежби од страна на наставничката по физичко и здравствено образование на кој од своите домови можат да се приклучат сите деца од најмала до најголема возраст .

Менталното здравје на децата во ова време е најважно, велат од училиштето.

Настанот “ОСТАНИ #cool ” ќе се емитува во живо yтре во 18:45 часот на официјалната facebook страна на училиштето.