29/03/2024
Охрид

Овој месец богата понуда во Библиотеката и Центарот за култура во Охрид

Во библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид на почетокот на месецов беше промовирана книгата со брзозборки, „Збороигри 2“ од Славе Ѓорѓо Димоски, наменета за деца од предшколска возраст и ученици од прво до четврто одделение.

На 13 април во 12 часот пак, ќе биде презентирано творештвото на поетесата Душка Мушиќ од Република Хрватска. Во 12 часот на 16 април во просториите на библиотеката ќе биде реализирана активност насочена кон негување на читателската култура насловена „Подари и размени книга“, а на 23 април ќе одржи презентација на тема „Читачки навики“, на која ќе бидат прикажани резултати од анкетното истражување спроведено од страна на група студенти од универзитетот ФОН во Струга.

Охриѓани овој месец ќе можат да уживаат во повеќе фолклорни концерти кои ќе се одржат во Центарот за култура „Григор Прличев” каде на 17 април со свој концерт гостува и ансамблот „Танец“. Од 26 до 28 април пак најмладите ќе можат да се забавуваат со детските песни од фестивалот „Распеано рибарче“.