29/03/2024
Струга

ОВР Струга ја активира велосипедската полициска патрола

ОВР Струга во своето редовно полициско работење ја активира велосипедската полициска патрола, како нова и современа форма на полициско превентивно работење градење партнерство и поблизок контакт со граѓаните што, треба да обезбеди поголема мобилност на полициската служба во одржувањето на јавниот ред и мир, укажување помош и заштита на граѓани и субјект за поголема ефикасност во извршувањето на вкупните полициски работи.

Патролата е ефикасна во спречување, откривање и пронаоѓање на сторители на кражби по плажи и паркинг простори и на други други разни казнени дела.

Велосипедската патрола ќе придонесе за афирмација на велосипедизмот како спортска дисциплина и здрав начин на живот и ќе го зацврсти позитивниот имиџ за полицијата во јавноста.