19/04/2024
Дебрца

Означен почетокот на Проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област / Македонија-Грција”

Во рамките на активностите за одбележување на Денот на европската соработка, вчера заедно со Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменската област “Јасен” и Шумарскиот факултет беше претставен и симболично означен почетокот на Проектот “Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област / Македонија-Грција”.

„Наши партнери од Република Грција се Грчката национална организација за земјоделски науки “Деметер” Солун и општина Терми, Солун.

Проектот е финансиран од Европската Комисија, Interreg IPA-Cross Border Cooperation Programme MK GR ( 85 % ) и Министерството за локална самоуправа на РМ ( 15 % ).“- вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Целта на Проектот е да се обезбеди одржливо управување со заштитените области, екосистемите и биодиверзитетот.

Со Проектот за општина Дебрца се обезбедени вкупно 219.555,79 ЕУР, кои ќе се искористат за повеќе проектни активности, како што се:

-подготовка на оригинални слики и видеа од локална флора во Белчишкото Блато, развој на мобилна андроид апликација и реконструкција на објект во село Белчишта и негова адаптација во изложбен објект / музеј за флората на Белчишкото Блато.

Проектот е во функција на заложбите на Општина Дебрца (во случајов Белчишкото Блато “Сини Вирој”) да прерасне во атрактивна еко туристичка дестинација.